Double Pile Structure

All components included in the structures feature a High Strength Structural Hot Rolled Steel with ArcelorMittal’s Magnelis® , a game-changer in the world of metallic coatings, offering unparalleled corrosion protection. In combination with High Strength Tempered aluminum alloy profiles and Stainless Steel elements this Structure offer unparallel durability ,strength and reliability.

SA24L

Додека оваа конструкција е одлична за монтажа на стандардни соларни панели, нејзините вистински предности и додадена вредност најмногу доаѓаат до израз кога се користи со бифацијални фотоволтаични модули.
Како што е прикажано на сликата, оваа конструкција овозможува инсталација на фотоволтаични модули во хоризонтална (landscape) ориентација. Модулите се цврсто прицврстени со алуминиумски стеги во комбинација со нерѓосувачки челични завртки, поставени на нивните рабови и поддржани од пет хоризонтални алуминиумски профили.
Проектирана за соларни проекти од големи размери, оваа конструкција нуди повисок енергетски принос, зголемена издржливост и намален ризик од појава на микропукнатини при екстремни временски услови.

Бенефити

Зголемено и поефикасно годишно производство:
Оваа конфигурација овозможува поголемо и поефикасно годишно производство на енергија. Во утринските часови и во зимскиот период, кога сонцето е пониско на хоризонтот, сенките од претходните редови имаат помало влијание врз производството. Причината е што оваа конфигурација им овозможува на модулите работа во повеќе режими (1/3, 2/3, 3/3), за разлика од традиционалната вертикална (portrait) монтажа, која поддржува само два режими (2/4, 4/4). Како резултат, панелите започнуваат со производство на енергија значително порано во текот на денот.

Подобрена изложеност на светлина кај бифацијалните модули:
Задната страна на модулот добива поголема изложеност на светлина, без засенчување од хоризонталните профили. Ова значително го зголемува годишното производство при користење бифацијални модули.

Подобрена вентилација:
Задната страна на модулите е повеќе изложена на проток на воздух, што овозможува подобро ладење и поголема ефикасност на модулите.

Подобра статичка стабилност:
Модулите се посигурно фиксирани, со што драстично се намалуваат вибрациите, особено при силни ветрови или големи снежни оптоварувања. Ова го намалува ризикот од појава на микропукнатини во ќелиите.

Продолжен работен век на модулите:
Намалените вибрации придонесуваат за подолг животен век на модулите и значително ја намалуваат појавата на микропукнатини во соларните ќелии.

Минимизиран ризик од оштетувања поради олабавување:
При долготрајна изложеност на екстремни временски услови и вибрации, постои ризик од олабавување на завртките и стегите. Кај овој дизајн, таквото олабавување може да предизвика оштетување на најмногу два модула. За разлика од тоа, кај други конструкции може да дојде до верижна реакција, при што се засегнува цело поле од модули.

SA24P

Оваа конструкција е идеална за проекти кои бараат оптимален баланс помеѓу почетната инвестиција и производството на енергија.
Како економично решение, таа е многу погодна за стандардни фотоволтаични модули, особено во региони со умерени временски услови и понизок албедо, каде што бифацијалните модули не обезбедуваат оправдана економска предност.
Покрај пониската цена по kW инсталиран капацитет, оваа конструкција овозможува и побрз и поефикасен процес на инсталација, како на носечката конструкција така и на соларните панели, со што се намалува времето за работа и вкупните трошоци на проектот.

Бенефити

Економично решение:
Оваа конструкција претставува поприфатлива опција, што ја прави многу погодна за проекти со стандардни фотоволтаични модули.

Идеална за специфични услови:
Особено се препорачува за подрачја без екстремни временски услови или без доволен албедо-ефект што би ја оправдал економската примена на бифацијални модули.

Побрза и поедноставна инсталација:
Една од клучните предности е можноста за побрза и поедноставна монтажа, како на конструкцијата така и на соларните панели.

Одлични статички перформанси:
Статичкиот дизајн на конструкцијата е робустен и целосно погоден за примена на целата територија на Република Македонија.

Технички податоци
Наклон – степени15-25
Тип на монтажаМонтирање на земја
МатеријалMagnelis / Hot Rolled Steel / Aluminum
ПанелиСите нови генерации на панели
Растојание на панели од земја600-1200 mm
МонтирањеНабивање/Беторирање
Гаранција 10 години
Век50 години