Испорака и транспорт
Mak.Solar организира и асистира со испорака на производите до локации низ цела Македонија.
Испорака со Карго Експрес
За стандардни нарачки овозможуваме испорака преку Карго Експрес до адреса на клиентот, согласно покриеноста и условите на курирската служба.
Транспорт за поголеми и погабаритни нарачки
За поголеми количини и погабаритни производи (на пример алуминиумски профили), транспортот се организира по договор со клиентот, преку приватни транспортни компании.
По потреба, може да се обезбеди и специјализиран транспорт со камион со кран за истовар, особено во случаи кога клиентот нема обезбедено виљушкар на локацијата.
Информации и договор
Транспортот не е трошок на Mak.Solar и не е вклучен во цената на производот; клиентот го покрива според договорот со избраниот превозник. Клиентот може да избере Cargo Express, договорен превозник или сам да организира преземање/транспорт. Mak.Solar, по претходен договор со клиентот, може да асистира при утовар во однапред договорени термини, согласно техничките можности и достапните ресурси. Начинот и рокот на преземање или испорака се договараат со клиентот одделно од цената на производите.
